зафрли
зафрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12235
1.
Префрли зад нешто, наназад.
Англиски:
throw back
Албански:
hedh mbas
Влезе и го зафрли палтото.
Ја зафрли секирата и замина.
Замавна со главата и ја зафрли косата.
2.
напушти, отфрли
Примери:
Семејството го зафрли, повеќе не го побара.
3.
Стави нешто каде што не му е местото, каде што тешко може да се најде.
Примери:
Каде ли го зафрлила тој документ?
Сум ги зафрлил клучевите од автомобилот, не можам да ги најдам.
Адвокатот сигурно го има зафрлено веќе тој предмет.
Изведенки
1.
зафрла несв.
зафрлаат
зафрлаат
2.
зафрлање ср.
глаг. им.
глаг. им.