зачува
Види и:
чува (несв.)
зачуваат; зачувал, зачувале
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3714
1.
Почне да чува, да одгледува нешто.
Англиски:
breed
Албански:
ruaj, kultivoj
Зачуваа кокошки.
Слично со:
одгледува (несв.)
2.
Сочува нешто во помала мера, на покус временски период и сл.
Англиски:
save
Албански:
ruaj, mbroj
Сосетката ѝ го зачува детето додека таа пазаруваше.
Зачува малку од ручекот за гостинот.
Слично со:
сочува (св.)
3.
Дочува, сочува нешто од негативно влијание или дејство.
Примери:
Селаните ги зачуваа посевите од мраз.
Таа ги зачува продуктите од расипување.
Слично со:
чува (несв.)
4.
Сочува во приватна сопственост.
Примери:
Тој зачува пари за да ја изненади мајка си за роденденот.
Таа тајно зачува малку пари.
Слично со:
заштеди (св.)
5.
Сочува, задржи, не наруши дадена состојба.
Англиски:
keep
Албански:
mbaj, ruaj
Зачува мир.
Зачува ред.
Зачува пријателство.
Во тешки моменти треба да се зачува присебноста.
Слично со:
задржи (св.)
6.
Дочува здравје, остане здрав.
Примери:
Зачува нерви.
Го зачува лицето младо и свежо сè до длабока старост.
7.
(се зачува) Се сочува, се дочува нешто од уништување, од заборав.
Англиски:
keep
Албански:
mbaj, ruaj
Неколку фотографии се зачувале сосема случајно.
8.
(се зачува) Се сочува, се дочува нешто во дадена состојба.
Примери:
Се зачува мирот и присебноста и покрај изразените несогласувања.
Древниот начин на подготовка на виното се зачувал до денес.
9.
(се зачува) Остане здрав, се заштити.
Примери:
Јадете многу овошје за да се зачувате од настинки и грипови.
Со овој лек ќе се зачувате од можните компликации.
Слично со:
заштити (св.)
Изведенки
1.
зачувува несв.
(се) зачувуваат
(се) зачувуваат
2.
зачувување ср.
глаг. им.
глаг. им.