а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

збута

збутаат; збутал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 34106
1. Избутка, истисне со буткање некого или нешто.
Англиски: push Албански: shtyj
Примери:
Последните од редот го збутаа старецот до ѕидот.
Влегов последен и ме збутаа на последниот ред.
2. Одеднаш бутне, стави со буткање нешто некаде.
Англиски: push Албански: shtyj
Примери:
Тој збута некаква хартија во џебот.
3. зафрли
Англиски: mislay Албански: hudh
Примери:
Каде ли сум ја збутала црвената блуза?
Ги збута некаде очилата, сега не може да ги најде.
4. (се збута) Се притисне кон некого или кон нешто.
Англиски: press Албански: trus, rras
Примери:
Учениците се збутаа пред автобусот.
Девојчето се збута до мајка си.
Изведенки
1. збутува несв.
(се) збутуваат
2. збутување ср.
глаг. им.