звучник
мн. звучници
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 9934
1.
Направа којашто електричните импулси ги претвора во звук.
Примери:
Во училиштето учениците ги известуваа преку звучник.
Од звучниците ечеше музика.
2.
Направа за засилување на звукот што служи за разбирање на поголема оддалеченост.
Примери:
Одговорниот им се обрати на штрајкувачите преку звучник.
Слично со:
мегафон (м.)