идеја
мн. идеи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 366
1.
Одраз на стварноста во нашата свест како производ на мислењето; претстава, поим за нешто.
Слично со:
поим (м.)
2.
Сфаќање, мисловно обликување на определена содржина.
Примери:
Главна идеја на романот.
Смела идеја.
Современа идеја.
Слично со:
замисла (ж.)
Изрази
Фикс-идеја - неостварлива замисла, идеја што трајно го обзема, го прогонува некого.
Нема идеја - не му текнува ништо во моментот.