а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

идила

мн. идили
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 10326
1. Поетска творба што го опишува мирниот, спокоен живот на луѓето, животот исполнет со задоволства што ги дава природата, недопрена од цивилизацијата, пасторалниот живот.
Англиски: idyll Албански: idilë
Употреба: Литература
Примери:
селска идила
зимска идила
2. Среќен, безгрижен, хармоничен живот; слика на такви доживувања.
Англиски: idyll Албански: idilë
Употреба: Преносно значење
Примери:
љубовна идила
семејна идила
Си споменуваме за незаборавната идила од летните ноќи.