изгази
Види и:
гази (несв.)
изгазат; изгазил; изгазен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7369
1.
Стапне, згази сѐ со ред, целосно.
Примери:
Земјата ја изгазија така вешто што не можеше да се познае дека има здола скривница.
Го изгази снегот околу куќата.
2.
Премине преку некого или преку нешто со превозно средство.
Примери:
Прст и плева, што се вели, и без пукање ќе нѐ изгази.
Го изгази воз.
3.
Крвнички тепа некого.
Примери:
Она што се спротивставувало исекле и изгазиле со бесни коњи.
На сред улица ќе ја изгазам, само да ја видам.
Слично со:
претепа (св.)
Изведенки
изгазува несв.
изгазуваат
изгазуваат