изигра
изиграат; изиграл
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10755
1.
Одигра вид игра, улога и сл.
Примери:
Јас изиграв неколку партии шах со внукот.
Невестата изигра едно оро.
Нашите актери ги изиграа успешно своите улоги во филмот.
Слично со:
одигра (св.)
2.
Излаже, постапи спротивно на договореното, на определен задолжителен акт.
Примери:
Тој го изигра пријателот и не му ги врати парите.
Тие ги изиграа сите одлуки на управата.
Слично со:
измами (св.)
3.
(се изигра) Се наигра во доволна мера.
Примери:
Изиграј се, тука сме ние, те гледаме.
Изведенки
1.
изигрува несв.
изигруваат
изигруваат
2.
изигрување ср.
глаг. им.
глаг. им.