излупи
излупат; излупил; излупете; излупен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12600
1.
Со лупење, симне, отстрани лушпа, кора на нешто.
Примери:
Излупете ги компирите и исечете ги на тенки парчиња.
Мајмунчето со забите ја излупи бананата.
Бабата го излупи јаболкото.
Слично со:
лупи (несв.)
2.
(се излупи) Падне, се распадне кора или танок слој од нешто.
Англиски:
peel off
Албански:
bie lëkura, qërohet
Бојата од ѕидот се излупи.
По интензивното сончање кожата ми се излупи.
Слично со:
излушти (св.)
Изведенки
излупува несв.
излупуваат
излупуваат