а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

измачка

измачкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 17888
1. Направи нешто да биде намачкано.
Англиски: smear Албански: lyej
Примери:
Мајсторот измачка гипс по ѕидовите.
2. Истрие со нешто мачкајќи со лековита материја.
Англиски: rub Албански: lyej
Употреба: Медицина
Примери:
Таа ги измачка децата со домашна ракија.
3. Направи да биде размачкано, извалкано.
Англиски: smear Албански: njollos
Примери:
Децата ја измачкале масата со боички и лепило.
4. (се измачка) се извалка
Англиски: stain Албански: njollos
Примери:
Децата се измачкале играјќи со кал.
Изведенки
измачкува несв.
измачкуваат