иронија
(едн.) иронијата
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2380
1.
Прикриено исмејување, при што се зборува спротивно од тоа што се мисли.
Примери:
Во селото е познат по прекарот Поет, што содржи елементи на иронија.
2.
Стилска фигура со која се исмејува некој или нешто во форма на привидна согласност или пофалба.
Изрази
Иронија на судбината - неочекуван настан, спротивен од нормалното, чудна случајност, игра на случајот.