а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

искористи

искористат; искористам; искористил; искористеше; искористен; (ќе) искористел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2011
1. Извлече корист од нешто или од некого.
Англиски: exploit Албански: shfrytëzoj
Примери:
Ја искористи секоја стапка од земјата.
Таа ги искористи најновите научни сознанија за да ја докаже својата теорија.
Него го користат кога им треба стручна помош.
2. Користи определена можност, ситуација за да постигне нешто.
Англиски: use Албански: përdor, shfrytëzoj
Примери:
Ја искористи неговата наклонетост за да добие подобро работно место.
Комисијата го искористи неговото непознавање на новиот закон.
Ја искористи маглата и се изгуби во неа.
3. Користи, злоупотреби некого, извлече корист со сила или измама на нечија штета.
Англиски: misuse Албански: shfrytëzoj, keqpërdor
Примери:
Го искористи и го остави без размислување.
Изведенки
1. искористува несв.
искористуваат
2. искористување ср.
глаг. им.
3. искористувач м.