а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

камен

камениот
Вид збор: Придавка
Ранг: 2633
1. Што е од камен, изграден од камен.
Англиски: stony
Примери:
камен мост
камена тврдина
камени столбови
2. Што е со карпи, карпест.
Англиски: rocky
Употреба: Геологија
Примери:
И во таа камена пустелија, под пламнатото небо живееја само орлите.
камена клисура
3. За земја - што е посна, необработлива.
Употреба: Земјоделство
Примери:
Лежев сам на камената почва.
Камената почва слабо раѓаше, речиси ништо.
Изрази
Камено време - праисториска епоха кога луѓето правеле алатки и оружје од камен.
Камено срце - бесчувствителен, немилосрден.
Камен јаглен - вид јаглен.
Изведенки
каменен прид.