кворум
(едн.) кворумот
Вид збор: Именка, машки род
Минимален број на членови на некое тело, организација, чие присуство на седница, собир е неопходно за донесување на полноважни одлуки, заклучоци.
Примери:
двотретински кворум
Има кворум, седницата може да почне.