клима
(едн.) климата
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 10448
1.
Метеоролошки услови и појави (температура и влажност на воздухот, воздушен притисок, ветрови) со кои се карактеризира една област, една земја во подолг временски период, поднебје.
Примери:
Континентална клима.
Умерена клима.
Медитеранска клима.
Планинска клима.
2.
Состојба, атмосфера, околности.
Примери:
Општествено-политичката и културната клима се суштински изменети.
Творечка клима.
Изрази
Клима уред - климатизер.
Изведенки
климатски прид.
климатскиот
Пример: климатски зони
климатскиот
Пример: климатски зони