кокошкин
кокошкиниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 30603
Што припаѓа на кокошка, што е од кокошка.
Примери:
кокошкино месо, кокошкини јајца
Изрази
(мед.) Кокошкини гради - сплескување на градниот кош од двете страни cо испакнување напред на градната коска, најчесто како последица на рахитис.
(мед.) Кокошкино слепило - болест на мрежницата на окото, при што болниот не гледа ништо во самрак.