колона
мн. колони
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2203
1.
Столб што потпира дел од конструкцијата на зграда или е самостојно издигнат како споменик, украс.
Слично со:
столб (м.)
2.
Редица од луѓе, животни, предмети, автомобили што се движат еден по друг во долга истегната линија.
Примери:
Колоната дечиња застана.
Автомобилска колона чекаше на границата.
Слично со:
редица (ж.)
3.
Поредок на војската во движење еден по друг на определено растојание.
4.
Вертикален редослед на редови (во весник), на броеви, знаци, податоци итн.
Англиски:
column
Албански:
kolonë, rubrik
Пополнува податоци во одделни колони.
Речникот е пишуван во две колони.
Слично со:
редослед (м.)
Изрази
Петта колона - организирана група луѓе што дејствуваат однатре во некоја држава, движење, партија во полза на непријателот.
Изведенки
колонка ж.
мн. колонки
дем.
мн. колонки
дем.