а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

колонија

мн. колонии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 6015
1. Земја без државен суверенитет, со посебно регулиран статус на потчинета земја под власт на некоја држава.
Англиски: colony Албански: koloni
Употреба: Дипломатија
Примери:
Завојувачите ја направија оваа земја најсиромашна од сите колонии.
2. Група иселеници во туѓа држава што живеат заедно; иселеничка населба.
Англиски: colony Албански: migrant
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Македонците преку океанот се населуваат во колонии.
3. Иселеници, или иселеничка населба во друга област на истата држава.
Англиски: migrants Албански: migrant
Примери:
Планинците се населија во полето и си направија своја колонија.
4. Заедница од луѓе што живеат заедно поради заедничка цел.
Англиски: community Албански: komunitet
Примери:
ликовна колонија
рударска колонија
железничка колонија
5. Животни, живи организми од ист вид здружени на едно место.
Англиски: colony Албански: koloni
Употреба: Биологија
Примери:
колонија корали
колонија анемони
колонија од пингвини
6. Заедница од поврзани микроорганизми.
Англиски: colony Албански: bashkim
Употреба: Биологија
Примери:
Секоја колонија бактерии потекнува од еден микроорганизам.