колонија
мн. колонии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 6015
1.
Земја без државен суверенитет, со посебно регулиран статус на потчинета земја под власт на некоја држава.
Примери:
Завојувачите ја направија оваа земја најсиромашна од сите колонии.
2.
Група иселеници во туѓа држава што живеат заедно; иселеничка населба.
Примери:
Македонците преку океанот се населуваат во колонии.
Слично со:
населба (ж.)
3.
Иселеници, или иселеничка населба во друга област на истата држава.
Примери:
Планинците се населија во полето и си направија своја колонија.
4.
Заедница од луѓе што живеат заедно поради заедничка цел.
Примери:
ликовна колонија
рударска колонија
железничка колонија
Слично со:
заедница (ж.)
5.
Животни, живи организми од ист вид здружени на едно место.
Примери:
колонија корали
колонија анемони
колонија од пингвини
Слично со:
заедница (ж.)