а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

конструкција

мн. конструкции
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3650
1. Меѓусебен распоред на деловите и елементите на некоја целина, состав при градење; изградена целина.
Англиски: construction Албански: ndërtim
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Дрвена конструкција на мост.
2. Состав, ред, распоред на зборовите во реченицата.
Англиски: construction Албански: ndërtim
Употреба: Граматика
Примери:
Реченична конструкција со пасивно значење.
3. Цртање на геометриски фигури и тела со помош на линијар и шестар.
Англиски: construction Албански: vizatim
Употреба: Математика
4. Состав, градба на телото.
Англиски: structure Албански: strukturë
Употреба: Анатомија
Примери:
Телесна конструкција.
5. Самоволно, искривено пренеcување на туѓо искажување, текст; неточно претставување на определен настан, состојба.
Англиски: misrepresentation Албански: krijim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се урна неговата конструкција за резултатите на претпријатието.
Изведенки
конструкциски прид.
конструкцискиот
Пример: конструкциско решение, конструкциска работа