конструкција
мн. конструкции
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3650
1.
Меѓусебен распоред на деловите и елементите на некоја целина, состав при градење; изградена целина.
Примери:
Дрвена конструкција на мост.
Слично со:
строеж (м.)
2.
Состав, ред, распоред на зборовите во реченицата.
Примери:
Реченична конструкција со пасивно значење.
3.
Цртање на геометриски фигури и тела со помош на линијар и шестар.
4.
Состав, градба на телото.
Примери:
Телесна конструкција.
5.
Самоволно, искривено пренеcување на туѓо искажување, текст; неточно претставување на определен настан, состојба.
Примери:
Се урна неговата конструкција за резултатите на претпријатието.
Изведенки
конструкциски прид.
конструкцискиот
Пример: конструкциско решение, конструкциска работа
конструкцискиот
Пример: конструкциско решение, конструкциска работа