контаминација
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 28340
1.
Загадување со отровни, радиоактивни материи или со заразни бактерии.
Примери:
Радиоактивна контаминација на земјиштето.
2.
Спојување на разнородни елементи.
Англиски:
contamination
Албански:
kontaminim
Во традицијата често има контаминација помеѓу песна и предание.
3.
Спојување на елементи од различно потекло во еден збор.
Примери:
Зборот качамак, преку контаминација со каша, во некои говори се изменил во кашамак.