а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

копје

мн. копја
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 5330
1. Оружје во форма на долг метален или дрвен стап со шилец на едниот крај.
Англиски: spear Албански: shigjetë
Употреба: Историја
Примери:
Прободен од копје.
Се бори со копје.
2. Спортски реквизит во вид на долг стап со шилест врв за фрлање во далечина.
Англиски: javelin Албански: shtizë
Употреба: Спорт
Примери:
Овој е најдобриот фрлач на копје.
3. Стап на којшто стои знаме.
Англиски: flagstaff Албански: shtizë flamuri
Примери:
Знамињата се на половина копје.
Изрази
Крши копја за нешто - жестоко се бори за нешто; бурна расправа.
Изведенки
копјенце ср.
мн. копјенца
дем.