а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кора

мн. кори
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2826
1. Надворешна обвивка на дрво што ја штити беловината.
Англиски: bark Српски: кора Албански: zgavër Бугарски: кора
Употреба: Ботаника
Примери:
Ја засече кората на брезата.
2. Надворешна обвивка на плод.
Англиски: peel Албански: lëvore, lëvozhgë
Употреба: Ботаника
Примери:
Кората од лимон се ренда во слатки.
Лесно се двои кората од мездрето.
3. Стврднат дел на површината на нешто.
Англиски: crust Албански: kore
Примери:
земјина кора
4. Надврешен дел на некој орган кај живите организми.
Англиски: cortex Албански: lëvore
Употреба: Анатомија
Примери:
Кора на големиот мозок.
5. Надворешен, тврд дел на печиво, добиен со печење.
Англиски: crust Албански: kore
Употреба: Гастрономија
Примери:
Лебот е најубав со крцкава кора.
6. Истенчено тесто за јадење што се прави од такви елементи, пита, баклава, баница и сл.
Албански: kore
Употреба: Гастрономија
7. Јадење од тесто со кори.
Англиски: flaky pastry Албански: gatim me kore
Употреба: Гастрономија
Примери:
Усука кора со праз.
8. јуфки
Англиски: pasta Албански: kore jufke
Употреба: Гастрономија
Примери:
Суши на сонце кори и тарана.
Изведенки
коричка ж.
мн. корички
дем и хип.