а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

костен

мн. костени
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5338
1. Дрво од фамилијата буки со широка разгранета крошна.
Латински: castanea Англиски: chestnut Албански: gështenjë
Употреба: Ботаника
Примери:
Костен самотник.
2. Плод од тоа дрво.
Латински: castanea Англиски: chestnut Албански: gështenjë
Употреба: Гастрономија
Примери:
Варен костен.
Изрази
Питом костен - костен со плод што се јаде; Castanea sativa.
Див костен - Aeskulus hippocastanum.
Вади костени од жар - работи тешка работа, а резултатите ги користат други.
Изведенки
1. костенче ср.
мн. костенчиња
дем.
2. костениште ср.
мн. костеништа
аугм.