кош
мн. кошови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4568
1.
Сад со различна форма и големина, сплетен од врбови или други гранки.
Англиски:
basket
Албански:
kosh, drithnik, grunar
Кошовите се полни со јачмен.
Носи плетен кош на рамо.
2.
Во кошарката - обрач со мрежа без дно поставен на одредена висина во којшто се уфрла топката.
Примери:
Играчите ја фрлаа топката во кошот.
3.
Погодок со топката во обрачот.
Примери:
Даде кош од средина на игралиштето.
4.
Врша за ловење риби.
Англиски:
fish trap
Албански:
kosh për peshk
Рибата влезе во кошот.
Го полнел рибарскиот кош со риби.
Изрази
Граден кош - горниот дел од трупот во кој се сместени белите дробови и срцето.
Стави во ист кош - стави нешто важно, вредно кон помалку важно, помалку вредни нешта; обезвредни.