а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

краде

крадат; кради, крадете; крадев, крадеа; крадел; краден; крадејќи; крадов, крадоа; крал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2317
1. Присвојува нешто туѓо без дозвола на сопственикот.
Англиски: steal Албански: vjedh
Употреба: Правда
Примери:
Краде круши.
Краде автомобили.
Краде пари.
2. Присвојува туѓо дело; прави плагијат.
Албански: plagijat
Примери:
Во науката некои препишуваат и крадат.
3. Граба мома без знаење на нејзините родители.
Англиски: rob Албански: grabit
Примери:
Вечер ќе го крадеме девојчето од дома.
4. Мами во играње со карти.
Англиски: cheat Албански: mashtroj
Примери:
Секогаш краде на покер.
5. (се краде) Се присвојува нешто.
Англиски: steal Албански: vjedh
Примери:
Еден со друг се крадеа и се лажеа.
6. (се краде) Оди, излегува без дозвола, кришум.
Англиски: sneak Албански: msheftaz
Примери:
Момчето се крадеше од интернатот.
Изведенки
крадење ср.
глаг. им.