крик
мн. крикови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1690
1.
Cилен, остар извик (од болка, страв, ужас, од големо изненадување).
Англиски:
shriek
Албански:
britmë, piskam
тажен крик
продорен крик
Слично со:
извик (м.)
2.
Остар, cилен, краток и висок глас на птица.
Примери:
Во шумата се слушна див крик на некоја птица.
Слично со:
вресок (м.)
3.
Cилен, очаен израз на некое чувство.
Примери:
Ја чувствував твојата самотија и твојот крик за помош.
Изрази
Последен крик на модата - тоа што е најново во модата.