крило
мн. крилја
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 792
1.
(мн. крилја) Орган за летање кај птиците и некои инсекти.
Примери:
Орелот шири крилја.
2.
Страничен дел од летало (на авион, едрилица).
Примери:
крила на авион
3.
Едната страна на изграден објект.
Примери:
Крило на зграда.
4.
Дел од орган во телото на човек или на животно.
Примери:
белодробно крило
5.
страна на возвишение
Примери:
планинско крило
7.
Десна и лева страна на борбените редови на војската.
Примери:
Непријателската војска го заобиколи левото крило.
8.
Играч на левата или на десната страна во спортскиот тим.
Примери:
Десното крило постигна два гола.
9.
Група во политичка партија или во некаква организација која се разликува во своето идеолошко-програмско сфаќање.
Примери:
Конзервативното крило на партијата.
Слично со:
фракција (ж.)
Изрази
Ми (ти, му...) ги потсекоа крилата - ограничување во нешто.
Ги рашири крилата - е во полет, има слобода.
Изведенки
крилце ср.
мн. крилца
дем. и хип.
мн. крилца
дем. и хип.