куп
мн. купови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1127
1.
Големо количество од несредени еднакви или различни нешта, истурени или нафрлени на едно место.
Примери:
куп песок
куп пченица
куп јаболка
куп алишта
купишта хартија
Слично со:
збир (м.)
2.
Мало заоблено возвишение.
Слично со:
ритче (ср.)
3.
Многу луѓе во заедничко дејствување, движење, присуство.
Примери:
Се насобрал куп народ, не може да се помине.
Слично со:
маса (ж.)
4.
Пехар како награда за најдобар резултат во спортско натпреварување.
Примери:
Нашата екипа го освои купот.
Слично со:
пехар (м.)
5.
Систем на одигрување спортски натпревари меѓу поголем број екипи или поединци, при што победениот отпаѓа од натамошните натпреварувања, а победникот се здобива со учество во финалниот натпревар.
Примери:
фудбалски куп
светски куп во скијање
куп-систем
куп-натпревари
Изведенки
1.
купченце ср.
дем.
дем.
2.
купиште ср.
мн. купишта
аугм.
мн. купишта
аугм.