купола
мн. куполи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 10012
1.
Свод изѕидан во облик на полутопка над кружна или квадратна основа.
Примери:
црковна купола
Слично со:
кубе (ср.)
2.
Површина, предмети што има таков облик.
Примери:
планински куполи
небесна купола
Изведенки
куполест прид.