лага
мн. лаги
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1165
1.
Исказ што не е вистинит, што не е точен.
Англиски:
lie
Албански:
gënjeshtër, rrenë
Cе што кажа беше лага.
Лаги и измислици овој пат не те спасуваат.
Спротивно од:
вистина (ж.)
2.
Измама, намерно искривување на вистината.
Англиски:
cheating
Албански:
rrenë, mashtrim
Ова беше внимателно скроена лага.
Слично со:
измама (ж.)
Изрази
Лагата има куси нозе - лагата брзо се открива.
(посл.) Со лага ага не бидува - лагата брзо се открива.
Го фатија во лага - открија дека лаже.