а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лекува

лекуваат; лекувал; лекуван
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3736
1. Совладува некоја болест или некоја повреда.
Англиски: cure Албански: shëroj, mjekoj
Употреба: Медицина
Примери:
Лекарот што го лекува е најдобар во својата област.
Старицата знаеше да лекува со тревки.
2. (само 3л.) Има способност да исцелува, да оздравува.
Англиски: heal Албански: shëron
Употреба: Медицина
Примери:
Водата од овој извор лекува повеќе болести.
3. (се лекува) Се подложува на медицински третман.
Англиски: treat Албански: shërohet
Употреба: Медицина
Примери:
Мораше да се лекува во странство.
Изведенки
лекување ср.
глаг. им.