лиценца
мн. лиценци
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 8934
1.
Одобрување за употреба на туѓ патентиран пронајдок, отстапување (концесија) за водење на некоја работа.
Примери:
Лиценца за мобилна телефонија.
Слично со:
концесија (ж.)
2.
Право на повластено користење на нешто.
Примери:
Наскоро ќе купуваме хардвер и софтвер кај нив и ќе плаќаме лиценца.
Слично со:
право (ср.)
3.
Дозвола за вршење на одреденa професија.
Примери:
лекарска лиценца
адвокатската лиценца
Слично со:
дозвола (ж.)
Изведенки
лиценција ж.
мн. лиценции
мн. лиценции