меметика
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 44266
Концепт во теоријата на еволуциони модели на пренесување културолошки податоци.
Примери:
Науката што ги проучува мемите се нарекува меметика.
Меметиката е значајна за разбирање на култовите, идеологиите и маркетинг кампањите од секој вид и може да помогне да се спроведе заштита од опасни информациски зарази.
Меметиката опширно се интересира за тоа како идејата самата се умножува, а не толку за внатрешната „вистинитост“ или недостиг на „вистинитост“ на една идеја.