мисија
мн. мисии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 691
1.
Задача, улога од поголемо значење.
Примери:
Ја изврши мисијата на неговиот живот.
2.
Историска улога, задача од историско значење.
Англиски:
mission
Албански:
mision, qëllim
Нивната мисија влијаеше да се зачува татковината.
3.
Дипломатско или воено претставништво со посебни задачи.
Примери:
Воена мисија.
Политичка мисија.
Слично со:
претставништво (ср.)
4.
Религиозна организација чија цел е да ги покрсти неверниците, обично во христијанска религија; мисионерска организација.
5.
Зграда, седиште на мисија.