а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

монета

мн. монети
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 11182
1. кована (метална) пара
Англиски: coin Албански: monedhë
Употреба: Економија
Примери:
колекција од монети
сребрена монета
2. пари општо
Англиски: money Албански: para
Употреба: Економија
Примери:
Ни мина векот како на книжна монета.
3. Монета за поткусурување - тој или она што служи за манипулирање во пресметките на моќниците; тој што служи за подигрување, потценување.
Албански: monedhë, pare
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не сакам да бидам ничија монета за поткусурување.