а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мора

мораат; морам, мораш, мораат; мораме, морате; морал; морале
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 161
1. Прави нешто против своја волја, има должност, обврска да прави нешто.
Англиски: must Албански: duhet
Примери:
Морав да бидам послушен.
Мораш да го изедеш месото.
Ќе морам да ве казнам.
Мораше да го напушти градот.
Морате да послушате.
Тебе морам да ти кажам.
Морам да признаам.
Морам да одам.
Морате да верувате.
2. Треба, потребно е.
Англиски: must
Употреба: Безлично
Примери:
Утре мора да се стане рано.
Тоа мора да стане правило во работењето.
Уморот мора да се надвладее.
Тоа мора да се разбере.
3. За истакнување веројатност на тоа што се кажува со да-конструкцијата.
Англиски: must
Примери:
Мора да размислила за постапката, зашто дојде и ми се извини.
Мора да заспала штом не ми отвори.
Мора да ги видел некој.
Мора да е наш штом иде сам низ шумата.
4. За истакнување спротивен став.
Англиски: must
Примери:
Тој мора сѐ да знае.
Мора секаде да си го пика носот.
Мора да се замеша во секоја работа.
Изведенки
морање ср.
глаг. им.