навлезе
Види и:
влезе (св.)
навлезат; навлези, навлезам, навлезете; навлегов, навлегоа; навлегол, навлегле; (ќе) навлезев, (ќе) навлезеа; (ќе) навлезел; навлезен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2259
1.
Влезе подлабоко во некоја средина.
Англиски:
enter
Албански:
depërtoj, hy thell
Навлегоа во густата букова шума.
Навлегол меѓу грмушките.
2.
Влезе во голем број, во големо количество.
Примери:
Во дворот на училиштето навлегоа војници.
Сите навлегоа во собата.
Во организацијата навлегоа млади луѓе.
Во визбата навлегла вода.
3.
Изврши голем дел од некоја работа, прошири знаења, се задлабочи во нешто.
Примери:
Навлеговме во подготовките на фестивалот.
Навлезе во тајните на шахот.
Навлезе во занаетот.
Навлезе во суштината на проблемот.
Навлезе во детали.
4.
Стигне до некоја возраст.
Примери:
Навлезе во триесеттата година.
Навлезе во длабока старост.
Навлезе во години.
Изведенки
1.
навлегува несв.
навлегуваат
навлегуваат
2.
навлегување ср.
глаг. им.
глаг. им.