а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нагази

нагазат; нагазил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8452
1. Одејќи, згазне на нешто.
Англиски: step on Албански: shkel
Примери:
Нагазил на стакло.
Нагазил во кал.
Нагазил на мина.
Нагазил змија и го каснала.
2. Со газење набие, израмни.
Англиски: flatten Албански: dystohet
3. Случајно, ненамерно сретне некого, нешто (некоја незгода).
Англиски: stumble Албански: rastësisht
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нагази на тој што не го видел со години.
Нагазија на потера.
Од едни избега, на други нагази.
Нагазил некоја болест.
4. Дојде во посета непоканет, неочекуван.
Албански: erdh pa ftesë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Секоја недела ќе ги нагазеше барем двапати.
Ме нагазија гости.
5. (се нагази) Помине долго време во газење.
Англиски: walk Албански: eci
Примери:
Се нагазивме кал.
Изведенки
1. нагазува несв.
(се) нагазуваат
2. нагазување ср.
глаг. им.