а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

намали

намалат; намалил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2655
1. Направи нешто да биде помало, смали.
Англиски: decrease Албански: zvogëloj
Примери:
Го намалија бројот на работниците.
Им ги намалиле платите.
Судот им ја намалил казната.
Ги намалиле цените на лебот.
2. Стане помал, попушти, ослабне, дојде при крај.
Англиски: decrease Албански: zvogëlua
Примери:
Денот веќе намали.
Водата во реката намалила.
Горештините намалија.
Дождот намали, ќе престане.
Намалиле болките.
Огнот намали.
3. (се намали) се смали, се снижи
Англиски: reduce Албански: redukton
Примери:
Се намали смртноста на децата.
Изведенки
1. намалува несв.
(се) намалуваат
2. намалување ср.
мн. намалувања
глаг. им.