а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нарече

наречат; наречам, наречи, наречете; нареков, нарекоа; нарекол, нарекло, нарекле; наречев, наречеа; наречел; наречен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1218
1. Даде име, прекар, назив, на некого или на нешто, именува некако.
Англиски: name Албански: quaj, emërtoj
Примери:
Жената ја нарече страдалница, и не згреши.
Нѐ нарекоа прости, варвари, а ни го крадеа културното богатство.
Тој метеж го нарекоа преселба.
Цвеќето што го носеше го нарекле обетка.
2. Намени, определи за кого е нештото.
Англиски: name Албански: dedikoj
Примери:
Тоа беше наречено за тебе, а друг го зеде.
3. Се нафрли со зборови на некого, му рече многу нешта.
Англиски: call names Албански: them
Примери:
Му нареков сѐ што мислев, па што сака нека прави.
4. Претскаже судбина некому.
Англиски: predict Албански: parashikoj
Употреба: Архаизам
5. (се нарече) Се именува со некакво име, назив.
Англиски: call Албански: thërret, quaj
Изведенки
1. наречува несв.
(се) наречуваат
2. наречување ср.
глаг. им.
3. нарекува несв.
(се) нарекуваат
4. нарекување несв.
глаг. им.