а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

насади

насадат; насадил; насаден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11862
1. За растение, дрва - изврши садење.
Англиски: plant Албански: mbjell
Употреба: Земјоделство
Примери:
Насади компири.
Насади тутун.
Насади лозје.
Насади круша.
Насади липа.
2. Сади во поголем број, во поголемо количество.
Англиски: plant Албански: mbjell
Употреба: Земјоделство
Примери:
Во дворот насади секакви цвеќиња.
3. Нареди снопови на гумно за вршење (обично со коњ).
Албански: bundles
Употреба: Земјоделство
Примери:
Го насадија гумното уште рано.
4. Стави јајца за ведење.
Албански: çelje
Употреба: Земјоделство
Примери:
Насадил само две кокошки.
5. (се насади) Со садење се наработи.
Англиски: plant Албански: mbjell
Употреба: Земјоделство
Примери:
Денеска се насадивме од утро до вечер.
6. (се насади) Седне на непогодно место.
Англиски: plant Албански: mbjell
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Што си се насадил пред врата!
Изведенки
1. насадува несв.
(се) насадуваат
2. насадување ср.
глаг. им.