а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

настапи

настапат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3848
1. За време - дојде, започне.
Англиски: come Албански: vij, erdh
Примери:
Настапи долгото топло лето.
Настапија студени, дождливи есенски денови.
Настапија долгите зимски ноќи.
2. Се појави, стапи пред публика, во натпревар и сл.
Англиски: perform Албански: çfaq, performoj
Употреба: Сцена
Примери:
Најпрво настапи детскиот хор.
Екипата настапи во најдобар состав.
3. Стапи во напад, се спротивстави.
Англиски: resist Албански: sulmoj
Примери:
Војската настапи од три страни.
Настапи со силни аргументи во своја одбрана.
4. Се создаде некаква состојба, се случи нешто.
Англиски: occur Албански: vij
Примери:
Настапи големо разочарување.
Настапи голема концентрација на чад.
Настапи долга пауза.
Очекуваа да настапат промени кон подобро.
5. Стапне, згазне на нешто, нагази.
Англиски: step Албански: shkel
Примери:
Внимаваше да не го настапи босиот до него.
Му се стори како да настапил змија.
Изведенки
1. настапува несв.
настапуваат
2. настапување ср.
глаг. им.