а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

натури

натурат; натурил; натурен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 27489
1. Тури течност врз нешто, полее.
Англиски: spill Албански: derdh, njollos
Примери:
Турајќи вино, го натури чаршафот.
2. Тури нешто во поголемо количество, на повеќе места.
Англиски: pour Албански: ujit, derdh
Примери:
Им натури вода на цвеќињата.
Ги седна децата на маса и им натури да јадат.
3. наметне, октроира
Англиски: impose
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тоа што случува е натурено од странците.
4. (се натури) се полее
Англиски: spill Албански: lagem
Примери:
Мачето ги лижеше дечињата коа ќе се натуреа со млеко.
Изведенки
1. натура несв.
(се) натураат
2. натурање ср.
глаг. им.