а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

научен

научени
Вид збор: Придавка
Ранг: 1379
1. (мн. научени) Што има некаков навик, обичај.
Англиски: used
Примери:
Беше научен да се поздравува со сите.
Секаде се наоѓаат луѓе научени да се клањаат пред големците.
2. (мн. научни) Што се однесува на наука; што има карактер на наука.
Англиски: scientific
Употреба: Наука
Примери:
научен работник
научни трудови
научен пристап
Изведенки
1. научно прил.
Пример: Тоа треба научно да се објасни.
2. научност ж.