невеста
мн. невести
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 770
1.
Девојка во деновите при стапувањето во брак.
Примери:
Додека ја товарат рубата, невестата се исплачува со роднините.
2.
Млада мажена жена, сопруга.
Примери:
Старците поседнале да го гледаат селското оро и да се насладуваат на убавите моми и невести.
3.
Снаа во однос на родителите и роднините на сопругот.
Примери:
Добра и вредна ни се погоди невестата.
Вид: роднинство (ср.)