обвие
обвијат; обвиј, обви, обвијте; обвив, обвија; обвил; обвива, обвиеја; обвиел; обвиен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9263
Англиски:
wrap
Албански:
mbështjell
Таа ми ја обви половината со волнен појас.
Раната му ја обвија со тенко платно.
Раната му ја обвија со тенко платно.
Калемот го обвил со восок.
Слично со:
замота (св.)
2.
Гушне, опфати со раце некого или нешто.
Примери:
Детето ги обви рацете околу вратот на мајка си.
Таа ги обви рацете околу стеблото на дрвото не дозволувајќи да ја одвлечат.
Слично со:
опфати (св.)
3.
Навие, намота околу нешто.
Англиски:
wrap
Албански:
mbështjell
Таа си ја обви плетенката околу главата.
Тој го обви ќебето околу нозете.
Бршленот ја обвил оградата на куќата.
Слично со:
намота (св.)
4.
Покрие, опфати, окружи нешто од сите страни.
Примери:
Густата магла го обви градот.
Пламените јазици ја обвија куќата.
Слично со:
покрие (св.)
5.
(се обвие) Се завие, се замота со нешто.
Англиски:
wrap
Албански:
mbështjell
Старецот неколку пати се обви со појасот.
Таа се обви со свилениот шал.
Слично со:
завие (св.)
6.
(се обвие) Се навие, се намота околу нешто.
Англиски:
wrap
Албански:
mbështjell
Смокот се беше обвил околу една гранка.
Високата трева се обви околу тркалата на колата.
Изведенки