облегне
облегнат; облегни, облегнете; облегнав, облегнаа; облегнал; облегнат; (ќе) облегнев, (ќе) облегнеа; (ќе) облегнел
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Стави, постави нешто така што да добие стабилност, сигурност; навали нешто на друго нешто.
Англиски:
support
Албански:
shtrij, mbështes
Го облегна грбот на дрвото.
Слично со:
опре (св.)
2.
(се облегне) Се опре, се навали на нешто.
Примери:
Се облегна на перницата.
Слично со:
навали (св.)
3.
(се облегне) Се испружи, легне на нешто.
Англиски:
spread
Албански:
shtrihem, bie
Децата се облегнаа на снегот.
Слично со:
испружи (св.)
4.
(се облегне) Најде, стекне поддршка, верба, надеж во некого.
Примери:
Тој се облегна на мене и остави јас да ја завршам сета работа.
Изведенки