а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обложи

обложат; обложил; обложен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14105
1. Замота, завитка со нешто.
Англиски: wrap Албански: mbështjell
Примери:
Таа ја обложи кутијата со украсна хартија.
Детето го обложија со студени чаршафи.
2. Покрие, прекрие со нешто.
Англиски: cover Албански: mbuloj, mbështjell
Примери:
Собата ја обложија со тапети.
Го обложивме подот со теписон.
3. (се обложи) Се замота, се завитка во нешто.
Англиски: wrap Албански: mbështillem
Примери:
Тој се обложи со гуната и заспа.
4. (се обложи) Фати облог со некого (обично на вредносна стока - пари, имот).
Англиски: bet Албански: vë bast, vë kaull
Примери:
Се обложи со другарите дека може да оди по јаже.
Тие се обложија во своите имоти за да докажат кој е во право.
Изведенки
1. обложува несв.
(се) обложуваат
2. обложување ср.
глаг. им.